Ново големо разочарување за навивачите на Партизан

Американскиот кошаркар Малик Бизли, како што стојат работите, нема да дојде во КК Партизан. Деновиве на големо се зборуваше дека Малик Бизл, ќе ги засили редовите на Партизан во моменти на голема криза.

Сепак, како што стојат работите – нема ништо од тоа. Веста дека Бизли доаѓа во Србија прв ја демантираше неговиот агент Брајан Џангреис, кој за „Фронт Офис Спортс“ изјави дека имало разговори со црно-белите, но дека двете страни се далеку од каков било договор.

Тој ја отфрли и идејата дека Бизли ќе потпише договор во странство без опција за враќање во НБА, како што првично беше наведено дека ќе биде случај во Партизан. Да потсетиме дека Бизли неодамна беше еден од главните субјекти на истрагата за нелегално обложување во НБА, и поради ова, тој сè уште нема договор, иако имаше 16,3 поени по натпревар во текот на сезоната 2024/25 во дресот на Детроит Пистонс.

Се вчитува...