Изненадувањата на Вимблдон продолжија и на вториот натпреварувачки ден, откако својот настап експресно го заврши Доминик Тим. Австриецот за ривал го имаше незгодниот сервер Сем Квери, успеа да поведе со 1-0, но потоа ги загуби следните три сета и претрпе убедлив пораз (7-6, 6-7, 3-6, 0-6).
Ник Киргиос ја доби маратонската пресметка со Томпсон, триумфирајќи со 3-2 во сетови. Проблематичниот тенисер при водство од 2-1 го загуби четвртиот сет со 0-6, но потоа го доби петтиот со 6-1 и се пласираше во втората рунда, каде го очекува пресметка со подобриот од мечот Сугита – Надал.
Првата носителка Ешли Барти лесно триумфираше над Женг од Кина со 6-4, 6-2, а пласман во втората рунда на женскиот дел од турнирот обезбедија и Кербер, Бенчиќ, Стивенс, Мертенс…
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА