Ново изненадување на Вимблдон: Квалификант го елиминираше седмиот носител!

Ново изненадување на Вимблдон подготви Николоз Басилашвили, кој го елиминираше седмиот во светот, Лоренцо Мусети. Квалификантот, 126-тиот играч на АТП листата, го победи минатогодишниот полуфиналист по четири сета – 6-2, 4-6, 7-5, 6-1.

Нешто помалку од два и пол часа игра му беа доволни да му го нанесе вториот пораз на Мусети во третиот меѓусебен дуел.

Веќе по првиот сет беше јасно дека ова нема да биде добро попладне за Мусети, кога дозволи два брејка. Тој возврати во вториот период, но во третиот повторно потклекна кон крајот, во 12-тиот гем. Четвртиот сет беше доминиран од Басилашвили, кој направи еден, а потоа уште еден брејк – за голема победа.

Негов следен ривал ќе биде уште еден Италијанец, Лоренцо Сонего, кој го победи Португалецот Фарија со 3-0 во сетови.

Басилашвили никогаш не го поминал третото коло на Вимблдон, додека овој пораз најверојатно ќе значи исклучување од Топ 10 за Мусети.

Се вчитува...