Ново изненадување на Вимблдон: Шестиот носител елиминиран од 122 на АТП листата

Откако денеска се случи големо изненадување на женскиот турнир на Вимлбдон, беше елиминирана актуелната шампионка Маркета Вондрушова од Чешка, изненадувачки загуби во првото коло од Шпанката Џесика Бузас – Манеиро, се случи и првата сензација на машкиот турнир, откако шестиот тенисер Андреј Рубљов е елиминиран од Франциско Комесана.

Комесана, кој е 122 на АТП листата, ја оствари првата победа во оваа година на Грен слем турнирите. Комесана на крајот победи со 6:4, 5:7, 6:2, 7:5.

Дека Рубљов не е во форма, покажа и Ролан Гарос, каде беше елиминиран во третото коло. Тој ја одби поканата да учествува на Олимписките игри под неутрално знаме.  Минатата година Рубљов стигна до 1/4 финалето на Вимблдон.

Се вчитува...