Продолжува елиминацијата на главните фаворити за титулата на Австралија Опен, и во машка и во женска конкуренција. По сензационалните порази на Новак Ѓоковиќ и на Енди Мареј во машка конкуренција, елиминирана е и прворангираната тенисерка на ВТА – листата, и бранителка на трофејот во Мелбурн, Анжелик Кербер. Таа загуби со 2-0 во сетови од Американката Коко Вандевеге, која се наоѓа на 35.место на ВТА – листата.
Американската тенисерка наметна свое темпо уште од самиот старт на мечот и првиот сет го освои релативно лесно, со 6-2 во гемови. Добрата игра на Коко Вандевеге продолжи и во вториот сет, кој го доби со 6-3 во гемови и успеа да да елиминира фаворизираната Кербер.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА