Ново „корона правило“ – Ако намерно кашлаш кон противникот, ќе добиеш црвен картон

Фудбалерот кој намерно ќе кашла во правец на неговиот противник или судијата во текот на еден натпревар ќе биде казнет со црвен картон, одлучи Меѓународниот одбор на фудбалски федерации (ИФАБ) кој одлучува околу правилата на игра. Дури и во најсилните лиги во светот каде фудбалерите редовно се тестирани и поради тоа се претпоставува дека не се носители на коронавирус, ИФАБ наведува дека судијата ќе може да одлучи дали таквиот гест претставува опасност или навреда.

„Како и за сите прекршоци, така и за кашлањето судијата ќе може да одлучува. Ако јасно се работи за случајност судијата нема да реагира, но ако некој фудбалер намерно кашла кон противникот тогаш тој ќе биде казнет со исклучување“, стои во соопштението на ИФАБ. 

Од Англиската фудбалска федерација (ФА) веќе потврдија дека ова правило ќе го имплементираат во сите натпревари во Англија.

Се вчитува...