Кошаркарската јавност уште го слави одличниот успех на јуниорите и влезот во А-дивизијата, а денеска во Скопје почнува уште едно Европско првенство – Б дивизија, овојпат за кошаркари до 16-годишна возраст.
Македонија е домаќин на кадетскиот шампионат што ќе трае од 8 до 17 септември, а селекторот Јованчев верува дека неговите избраници ќе можат да прикажат добри игри на ова првенство.
„Веќе одамна сме влезени во последната фаза од подготовките за претстојното кадетско Европско првенство. Поминавме одличен период на подготовки. Особено тоа се однесува на последните десет дена во кои бевме изолирани во комплексот Негорци. Тоа е период во кој одигравме четири натпревари на кои остваривме три победи и еден пораз. Сметам дека екипата покрај тактичкиот напредок во овој период изгради и тимски дух, како и позитивна енергија, што на вакви кратки турнири може да биде од големо значење. Првата цел е да се помине групната фаза, но ќе одиме чекор по чекор. Сметам дека групата е доста квалитетна. Се работи за репрезентации кои се во самиот врв на Европските првенства од ‘Б’ Дивизија “, вели Јованчев.
Македонија во првото коло денескаво 18.30 часот ќе се сретне со Украинa, a главен проблем за кој нашиот стручен штаб треба да најде решение е недостигот на високи кошаркари за борба под обрачите.
„Имаме проблем со висината, практично и немаме играч на високите позиции. Ние тоа добро го знаеме од почетокот, и работевме на тоа како да ја контролираме скок-играта. Имаме недостатоци, но истите може да ги надополниме само доколку имаме вистинска желба за победа“, смета македонскиот селектор.
МАКЕДОНИЈА НА ЕВРОБАСКЕТОТ ВО СКОПЈЕ
Ѓорѓи Цветковски бек 186см.
Павел Ѓиновски бек-шутер 186см.
Дамјан Данев крило 202см.
Дино Беговски крило/центар 199см.
Алмир Ештрефи бек-шутер 187см.
Григориј Ѓорѓевиќ бек-шутер 190см.
Кирил Петковски бек 179 см.
Филип Сребров бек-шутер 188см.
Љубен Ефтимовски бек 187см.
Жарко Терзиевски бек-шутер 189см.
Дамјан Стојановски крило 192см.
Алексеј Нешовиќ силно крило 203см.
СЕЛЕКТОР: Александар Јованчев
АСИСТЕНТ-ТРЕНЕР: Дејан Србиновски
КОНДИЦИСКИ ТРЕНЕР: Филип Босилков
ФИЗИОТЕРАПЕВТ: Розета Ристоска
ДОКТОР: Марија Божиноска
НАТПРЕВАРУВАЧКИ ГРУПИ
ГРУПА А: БиХ, Португалија, Унгарија, Швајцарија, Белгија
ГРУПА Б: Холандија, Исланд, Чешка, Луксембург, Црна Гора, Кипар
ГРУПА Ц: Романија, Словачка, Велика Британија, Ирска, Данска, Норвешка
ГРУПА Д: Естонија, Украина, Шведска, Австрија, МАКЕДОНИЈА
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА