Раул Гонзалес пред новогодишните празници избриша двајца играчи од својот список, па македонската репрезентација со 20 ракометари ќе ги продолжи подготовките за СП 2019 во Германија и во Данска.
Кормиларот на нашиот национален тим во јануарските подготовки нема да смета на Ласко Андоновски и на Томи Јагуриновски, со што се намалува конкуренцијата кога станува збор за бековската линија. Македонија ќе ги продолжи подготовките со 20 ракометари, а се очекува Раул последниот список да го состави по двете контролни средби со Србија.
Ракометарите од денеска добија тридневен одмор за да бидат со своите најблиски за време на новогодишните празници, по што на 2 јанури ќе се влезе во завршната фаза од подготовките.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА