Ново лице во НБА ги „растури“ Лејкерси – Новиот Дончиќ го надмина Леброн Џејмс

Купер Флег од Далас, кој е често потенциран како наследник на Лука Дончиќ, се истакна во историски натпревар втора ноќ по ред во НБА лигата.

Веднаш откако стана најмладиот играч во историјата на НБА и првиот тинејџер кој постигна 50 поени со 51 поен против Орландо, тој постигна 45 поени за победа на домашен терен над Лејкерси со 134-128. Така, првиот избор на драфтот ја прекина серијата на Далас од 14 порази на домашен терен, најдолгата во последните 32 години.

Флег, кој исто така имаше осум скока и девет асистенции, стана првиот ‘руки’ кој постигнал 40 поени, од Ален Ајверсон во 96/97. Тоа е само еден од великаните на кои тинејџерот од Далас им се придружи или ги надмина со својот настап против Лејкерси. Тој стана рекордер по број на натпревари со 40 поени за тинејџер. Леброн Џејмс има три, а ова беше четвртиот натпревар на Флег со исто толку поени.

Во последните два натпревари, тој постигна 96 поени, најмногу што успеал еден ‘руки’ од времето на Вилт Чемберлен.

Настапот на Флег против Лејкерси донесе нешто друго уникатно. Ова е првиот натпревар во историјата на НБА каде што почетник и 40-годишник постигнаа повеќе од 30 поени. Леброн Џејмс мораше да се издвои, поради повредите на најдобрите стрелци на Лејкерси, Лука Дончиќ и Остин Ривс, и тој го направи тоа. Тој постигна 30 поени, а имаше и девет скока и 15 асистенции.

Џејмс се истакна во втората четвртина, кога постигна 16 поени, поради што Лејкерси го намалија дефицитот од 22 поени на минус 6 до полувремето. Сепак, Лејкерси водеа само во првите минути од натпреварот, а бидејќи беа значително ослабени, не можеа да победат ниту против еден од најлошите тимови во лигата.

П.Џ. Вашингтон го следеше Флег со 15 поени и шест скока, а Наџи Маршал додаде 13 со шест скока и седум асистенции. За Лејкерси се истакнаа Џексон Хејс со 23 поени и Лук Кенард со првиот трипл-дабл во кариерата со 15 поени, 16 скока и 11 асистенции.

Се вчитува...