Ново маратонско лудило на Енди Мареј: Шкотланѓанецот по три часа подобар од Зверев

Поранешниот најдобар тенисер во светот, Енди Мареј приреди ново шоу за тениските фанови во светот откако во осминафиналето на АТП 250 турнирот во Доха во маратонски меч кој траеше повече од три часа славеше над Германецот Александар Зверев со 2-1, по сетови 7-6, 6-2, 5-7.

Откако по голема борба го доби првиот сет во тај-брејк, вториот лесно го освои Германецот, а во одлучувачкиот трет сет повторно гледавме трилер. Во таква ситуација фаворит секогаш е Шкотланѓанецот па со 7-5 стави печат на нов епски триумф.

Во четвртфиналето Мареј ќе игра против анонимниот Французин, Александре Милер.

Се вчитува...