Третото европско клубско натпреварување кое во моментов има работно име „Лига Европа 2 “ ќе почне од 2021 година потврди УЕФА.
Според првичните најави, клубовите од таканречените помали фудбалски држави, со исклучок на првакот кој го задржува местото во Лигата на шампионите, на еврпска сцена ќе излегуваат преку ова натпреварување. Во оваа категорија би требало да влегуваат и македонските клубови.
Новoто натпреварување е најавено за циклус од 2021-2024 година. Ќе го има форматот на постоечката Лига Европа, а натпреварите ќе бидат одигрувани исто така во четврток.
Во групниот сегмент ќе учестуваат 32 екипи, поделени во осум конкуренции. Потоа ќе следува шеснаестинафиналето, а пред него ќе има плеј-оф на второпласираните тимови од прелиминарниот сегмент. Освојувачот на титулата ќе има директен пласман во Лигата Европа следната сеозна.
„Новото натпреварување го формираме по дијалогот со клубовите челнки на Европската асоцијација. Шанса ќе добијат многу повеќе клубови, а на европска сцена ќе бидат застапени многу повеќе држави“ – изјави претседателот на УЕФА, Александар Чеферин најавувајќи го новото натпреварување.
Најмалку 34 држави ќе имаат претставници во групната фаза. Во моментов 26 земји имаат клубови претставници во главниот сегмент од натпреварувањата на УЕФА.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА