Атмосферата во германскиот првак Баерн Минхен очигледно не е на највисоко ниво. По препирката што ја имаа Роберт Левандовски и една од водечките клупски фигури Карл – Хајнц Румениге, синоќа на „Алијанц арена“ се случи нов инцидент, иако баварскиот тим оствари убедлива победа од 3-0 против Андерлехт.
Францускиот интернационалец Франк Рибери го фрли дресот откако беше заменет од тренерот Карло Анчелоти во 78.минута. На негово место во игра влезе Томас Милер, кој исто така изрази незадоволство пред неколку дена, затоа што седи на клупата за резерви.
„Очигледно дека Рибери беше незадоволен затоа што го заменив. Но, таа замена немаше врска со неговата игра. Имаше жолт картон и не сакав да ризикуваме да се случи нешто непредвидено. Исто така, се ближеше крајот на мечот, а од клупата уфрлив многу посвеж фудбалер на теренот. Сепак, тренерот е тој што ги прави замените, нели“, изјави смирено Карло Анчелоти по мечот против Андерлехт.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА