Ново незадоволство во Сити: После Кансело, Пеп „крева раце“ и од Силва!?

После Жоао Кансело, уште еден играч е на добар пат да го напушти „рајот“ во Манчестер Сити. Кансело ќе се пресели во Баерн Минхен, а што одеднаш го натерала менаџерот Гвардиола да го испрати Португалецот во Минхен, медиумите само шпекулираат.

Сега на добар пат е истото да го стори и Бернардо Силва. Вториот Португалец наводно барал од Пеп поголема минутажа, па менаџерот на „граѓаните“ наводно лут му порачал дека може да си бара нова средина.

Овој фудбалер летоска беше пред трансфер во Барселона, но тогаш тимот немаше пари да го ангажира. Сега одново се подгрева надежта на „каталонците“ дека може да дојдат до неговите услуги.

Пеп не сака во тимот незадоволни играчи, па така по „рецептот“ на Кансело, и Силва би можел во зимскиот преоден рок да го напушти Сити.

Инаку Кансело се пресели во Минхен како позајмен играч, со можност за откуп на договорот на крајот на сезоната за 70 милиони евра.

Се вчитува...