Победата на Бетис во градското дерби против Севилја (3-5) на гости беше прославена на оригинален начин. Бетис оствари голема победа на гостувањето на стадионот „ Рамон Санчез Пизхуан“ и му го расипа дебито на новиот тренер на Севилја, Винченцо Монтела. Тоа пак предизвика вистински делириум меѓу навивачите на Бетис, но и меѓу фудбалерите кои бурно ја прославија победата и на теренот и во соблекувалната. Но, прославата продолжи и во „нивните“ делови од градот во кои никој не спиеше.
А за да биде прославата на победата во локалното дерби на вистинско ниво се погрижи и клубот.
„Ова е толку голема, важна и историска победа, па правилата се јасни. Треба да се прослави со многу забава, денеска нема никој да спие. Со тренерот се договоривме дека не смее никој да биде дома пред пет часот наутро. Пожелно е и дури и подоцна, но пет часот е минимум. Ако некој замине порано го чека парична казна, која по правилата важи за тие што доцнат“ – објасни капитенот на Бетис, легендарниот Хоакин.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА