Грчкиот портал СДНА го најавува потенцијалното доаѓање на Лука Вилдоза во белградски Партизан. Лука Вилдоза ја освои титулата во Евролигата со Панатинаикос, а таму дојде по турбулентната сезона со Црвена звезда.
Вилдоза е на радарот на белградски Партизан иако играше за нивниот најлут ривал Црвена звезда. „СДНА“ наведува дека ништо поконкретно не е договорено од двете страни, но дека има интерес.
Сезонава просечно бележеше 5,7 поени и 1,5 скока и асистенции за „зелените“ во Евролигата, за речиси 15 минути по меч.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА