Ново разочарување за Манчестер Јунајтед: Само бод против Барнли (ВИДЕО)

Манчестер Јунајтед не се прослави на гостувањето кај Барнли, и одигра само 1-1, на разочарување на своите фанови. Не само што не триумфираше, во вториот дел одигра толку слабо што можеше да се случи дури и пресврт и победа на Барнли.

Јунајтед доминираше во првиот дел, погоди во мрежата во 12. минута, но голот беше поништен по ВАР. Следуваше погодокот на Погба во 18. минута за водство. Поп го одбрани ударот на Кавани и не дозволи Јунајтед да води 2-0.

Само што почна вториот дел, во 48. минута Родригез ја заврши одличната соло акција со гол за 1-1. Но, тоа не беше се, туку Вергорст се закани за Барнли, но одбрани Де Геа одлично.

Во финишот од средбата Манчестер се обиде да дојде до победа, меѓутоа ударите на Роналдо и на Мегвајер беа непрецизни.

Се вчитува...