Ново ремек-дело од слободен удар: Меси го престигна Роналдињо, пред него се само двајца Бразилци

Лео Меси продолжува со импресивните изданија во дресот на Интер Мајами, откако Аргентинецот блесна кога беше најтешко, носејќи реми од 3-3 на гостувањето против Филаделфија.

Интер Мајами беше во негатива од 1-3 кога Лео постигна гол за паметење од слободен удар во 88. минута, по што Сеговиа во петтата минута од судиското продолжение го спаси неговиот тим од пораз.

Со ова, Меси ја продолжи неверојатната серија, па така Аргентинецот сега осумнаесет сезони по ред успева да постигне најмалку еден гол од слободен удар.

Легендата исто така се искачи на третото место на листата на играчи со најмногу голови од слободен удар во фудбалската историја. За Меси ова беше гол број 67 од вакви ситуации, успеа да го остави зад себе Роналдињо со 66, а пред него се само уште две фудбалски легенди, Пеле со 70 и Жунињо како апсолутен рекордер со 77 гола од слободен удар во кариерата.

Се вчитува...