Младинската ракометна репрезентација на Македонија втор ден по ред ремизираше со Полска. По вчерашните (24-24), избраниците на Раде Стојановиќ и на овој меч одиграа реми против домаќинот овојпат 27-27.
За разлика од вчерашниот меч, Полјаците денеска многу подобро го отворија натпреварот па по 30 минути игра имаа убедливи плус пет 16-11. Сепак, нашите надежи одиграа одлично второ полувреме во кое израмнија со иста мера што беше доволно за реми од 27-27.
ЦЕЛИОТ НАТПРЕВАР МОЖЕТЕ ДА ГО ПОГЛЕДНЕТЕ НА СЛЕДНИОТ ЛИНК:
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА