Манчестер Јунајтед одигра уште еден разочарувачки натпревар во Премиер-лигата, ремизирајќи 1-1 на домашен терен против Барнли. „Црвените ѓаволи“ предолго се мачеа да го скршат отпорот на гостинскиот тим, за конечно да погодат со првиот овосезонски погодок на Антони, откако Бразилецот казни една грешка на гостинските дефанзивци и донесе радост на „Олд Трафорд“ во 79. минута.
Предноста сепак не можеа до крај да ја задржат предноста, откако Онана со една лоша интервенција им подари пенал на гостите, а Азмуни стрелаше прецизно во 87. минута и му донесе бод на Барнли.
Њукасл славеше над Шефилд Јунајтед со 5-1 во меч на кој гостите први дојдоа во водство, но „црно-белите“ предводени од двојниот стрелец Исак лесно дојдоа до пресврт и три бода на овој меч. Шефилд со овој пораз и дефинитивно се сели во Чемпионшип-дивизијата од наредната сезона
Резултати Англија:
Њукасл – Шефилд Ј. 5-1, Вулверхемптон – Лутон 2-1, Манчестер Ј. – Барнли 1-1, Фулам – Кристал Палас 1-1.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА