Ново шоу на Батлер, Мајами со една екстра четвртина славеше во Бостон

Мајами со брејк го стартуваше финалето на Источната конференција откако тимот од Флорида успеа да триумфира на премиерното гостување во Бостон со 116-123. Џими Батлер уште еднаш ја презеде лидерската улога во својата екипа, доминираше на теренот и го одведе Мајами до нова победа во плејофот, откако „жешките“ во претходните две рунди од доигрувањето ги елиминираа најпрвин Милвоки бакс, а потоа и Њујорк никс.

Бостон делуваше во целосна контрола на мечот откако „зелените“ имаа водство во текот ан целото прво полувреме, на одмор заминувајќи со девет поени предност (66-57). Целиот тек на мечот се смени во третата четвртина, во која гостите „експлодираа“ во нападот, постигнувајќи фантастични 46 поени наспроти само 25 на домаќините. Резултатот се сврте во корист на Мајами заедно со моментумот, Бостон се обиде да се врати, ги доби последните 12 минути со резултат 25-20, но гостите од Флорида сепак стигнаа до посакуваната победа, изразена со конечни 116-123.

Џими Батлер беше незапирлив постигнувајќи 35 поени и седум асистенции, Адебајо  реализираше 20 поени и осум скокови за Мајами, додека во таборот на Бостон најефикасни беа Тејтум со 30 и Браун со 22 поени.

Се вчитува...