Ново шоу на Јокиќ, Бруклин реди порази откако се врати Ирвинг

Денвер предводен од Никола Јокиќ забележа победа од 126-130 на гостувањето против Феникс, по продолжение од пет минути. Српскиот центар доминираше на теренот и беше најзаслужен што Денвер се врати од „минус 14“ во второто полувреме, по што во дополнителните пет минути стигна и до триумф. Јокиќ беше прв стрелец на победничкиот тим со 31 поен (10 скока и осум асистенции), а 31 поен за Феникс постигна Букер.

Бруклин го претрпе и вториот пораз во низа откако Кајри Ирвинг се врати во екипата, губејќи со 125-113 на гостувањето против Кливленд. Ирвинг со 38 поени беше најефиласен, Харден стигна до 19 поени, но и тоа не беше доволно да се избегне пораз на овој натпревар.

ЛА Клиперс триумфираше со 120-106 над Оклахома, победа трасирана со фуриозната прва четвртина што овој тим ја доби со 36-18. Каваи Ленард беше прв стрелец со 31 поен, додека Пол Џорџ постигна 29 поени во овој триумф на тимот од Лос Анџелес.

Резултати НБА:

Шарлот – Чикаго 110-123, Детроит – Хјустон 102-103, Индијана – Орландо 120-118, Кливленд – Бруклин 125-113, Филаделфија – Бостон 122-110, Торонто – Мајами 101-81, Минесота – Атланта 98-116, Сан Антонио – Далас 117-122, ЛА Клиперс – Оклахома 120-106, Феникс – Денвер 126-130, Сакраменто – Њујорк 103-94.

Се вчитува...