Интер Мајами ја прекина серијата од два меча без триумф во МЛС-лигата откако убедливо триумфираше над Њу Ингланд со резултат 4-1.
Во главна улога беше Лео Меси, кој не се запиша меѓу стрелците, но затоа асистираше при три од четирите гола на својот тим. Аргентинецот беше асистент при првите два погодоци што ги постигнаа Аленде и Алба, а потоа во вториот дел асистираше и при третиот гол за Интер Мајами, повторно дело на Аленде.
Конечните 4-1 ги постави Жорди Алба со својот втор гол, со што левиот бек го доби признанието за МВП на овој натпревар.
Погледнете ги најинтересните моменти од овој ефикасен натпревар…
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

