Ново шоу на Никола Јокиќ на тренинг на Денвер (ВИДЕО)

Најзаслужен за одличната атмосфера во таборот на Денвер Нагетс е српскиот кошаркар Никола Јокиќ. Тимот од Колорадо на социјалните мрежи објави интересно видео од тренингот кое до солзи ги насмеа навивачите на НБА.

Секако, во главната улога е Никола Јокиќ. Србинот реши да се пошегува со својот соиграч Деандре Џордан. Искусниот американски кошаркар под кошот разговараше со хрватскиот репрезентативец Шариќ, без поим што ќе се случи.

Никола се сврте кон камерата и рече – „Сними го ова“. Ја зеде топката, застана зад Џордан и се заби над него. Дарио Шариќ остана во неверување, а Џордан исто така не можеше да си дојде на себе од смеење.

Се вчитува...