Ново скудето – „старата дама“ владее со италијанскиот фудбал

Јувентус на едно коло до крајот на сезоната го осигура новиот шампионски трофеј, седми во низа, со кој „старата дама“ продолжува да владеее со италијанскиот фудбал. Вечерашното реми со Рома беше сосема доволно за да се осигура првата позиција на табелата, па така Јуве во пресрет на последната рунда има четири бода предност во однос на „наполитанците“, кои вечерва попусто славеа на гостувањето против Сампдорија со 0-2.

Вчерашниот пораз на Интер значеше дека Рома го осигура учеството во ЛШ за наредната сезона, но „волчицата“ во секој случај влезе максимално мотивирана во дуелот со бранителот на трофејот. Јувентус сепак одигра онолку колку што му беше потребно за да остане непоразен и да стигне до посакуваниот резултат и нова двојна круна, по триумфот во Куп-финалето над Милан пред само неколку дена.

Титулата е освоена, а сега на ред се разговори Јувентус – Алегри, по што наскоро ќе биде познато дали трофејниот стратег ќе остане на клупата на „старата дама“ или пак ќе се реши за предизвикот што го носи Премиер-лигата, каде Челси и Арсенал се заинтересирани за неговите услуги.

Се вчитува...