17-годишната пливачка од Босна и Херцеговина Лана Пудар го освои златниот медал во дисциплината 200 метри делфин на Светското првенство за јуниори што се одржа во Израел.
Пудар до победата и ново злато дојде со време од 2:07.20 минути, што е нов рекорд на шампионатите. Зад неа беа Бела Грант (2:08.97) и Паола Борели (2:10.89).
Пудар на Светското јуниорско првенство ќе се натпреварува и во трките на 50 и 100 метри делфин.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА