Ново ВАР-фијаско во Англија… и повторно оштетен Ливерпул

Ливерпул повторно е оштетен од ВАР-технологијата во Премиер-лигата, но се чини дека денешната случка на дуелот со Лестер ги надминува границите на нормалата.

Медисон изведе „скратен корнер“ што заврши во мрежата и постигна гол, но помошниот судија го поништи поради офсајд на еден од играчите кои се обидоа да играат со топката непосредно пред Алисон Бекер. И тогаш почна шоуто на ВАР-арбитрите, кои на неверојатен начин ги нацртаа линиите. Не само што играчот на Лестер не беше нацртран од крајниот дел од раката (како што беше случај со многу претходни ситуации во Премиер-лигата), туку од рамото на напаѓачот, згора на тоа другата линија, онаа за последниот одбранбен дефанзивец, беше поместена сантиметри зад ногата на играчот на „црвените“, токму онолку колку што беше доволно за да нема офсајд.

По овој гол, Лестер набрзина постигна уште два, едниот по големата грешка на Кабак и Алисон Бекер, стигнувајќи до победата над актуелниот првак.

Се вчитува...