Ново заминување од Тотенхем – фудбалерот на чие место дојде Бентакур заминува во Франција

Тотенхем денеска е еден од најактивните клубови на трансфер маркетот со ангажман на Кулушевски и Бентакур, но и две заминувања – Брајан Гил кој ќе се пресели во Валенсија и Тангај Ндомбеле кој ќе продолжи во Лион.

Дваесетипетгодишниот Французин кој беше дел од Тотенхем од 2019 годината, а со трансферот заминува на позајмица до крајот на сезоната со опција за откупување на договорот од страна на францускиот клуб.

Ндомбеле е веќе во родната татковина каде утре треба да помине медицински прегледи пред официјализирање на соработката.

Се вчитува...