Ново засилување во Атлетико Мадрид

Атлетико Мадрид осигура уште еден потпис за наредната сезона откако денеска беше официјализиран трансферот на Чаглар Сојунчу, турскиот дефанзивец кој потпиша четиригодишен со овој шпански прволигаш.

Сојуглу пристигнува како слободен играч од редовите на Лестер, по истекот на договорот што го имаше со „лисиците“. Тој уште во јануари начелно ги договори условите за преселба во Мадрид, за денеска и официјално да го комплетира трансферот во Атлетико. Турскиот дефанзивец има 53 настапи за својата репрезентација, додека во дресот на Лестер одигра 132 натпревари, освојувајќи ги трофеите во ФА Купот на Англија и Комјунити Шилд во 2021 година.

Диего Симеоне ќе има тешка задача во изборот на одбранбената линија поради огромната конкуренција за овој дел од тимот на Атлетико. Во мадридскиот прволигаш од лани останаа Савиќ, Хименез, Хермосо и Реинилдо, а покрај Сојунчу летово беа ангажирани уште и Азпиликуета и Мурино.

Се вчитува...