Таеквондото има потенцијал да носи нови радости на македонската спортска јавност, откако по Дејан Георгиевски и Мила Рељиќ се појавуваат и нови спортисти со извонреден потенцијал во оваа боречка вештина.
Последна во низата е фантастичната Ведрана Тунески, наша олимписка надеж која блесна на силниот турнир Бугарија Опен, Ф1 турнир кој се бодува и при рангирањето за добивање покани за наредните Олимписки Игри.
Ведрана доминираше на овој турнир, забележувајќи четири импресивни победи. Македонката во првото коло беше подобра од Бугарката Боновска, во четвртфиналето славеше над Маша Зорица од Србија со 2-1, а во полуфиналето беше подобра од Карина Довжањин од Украина, повторно со 2-1.
Ведрана Тунески најдобра борба ја сочува за самиот крај,
А потоа, по победата во финалето гордо го развеа македонското знаме…
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

