Ново злато за Георгиевски, овој пат во Тирана

Најдобриот македонски таеквондист Дејан Георгиевски се закити со уште еден златен медал откако триумфираше на турниот Г1 Тирана кој се одржуваше во албанската престолнина овој викенд.

Македонецот кој се натпреварува во категоријата 87+ килограми во големото финале славеше против Французинот Ел Омар со 2-1, крунисувајќи го одличниот турнир во кој славеше и против Израелеот Александар Филипов во полуфиналето.

За Георгиевски кој освои сребрен медал на Зимските олимписки игри во Токио ова е уште еден успешен турнир на патот кон учество на следниот голем настап на Летните олимписи игри во Париз во 2024 година.

Се вчитува...