Новогодишен кикс и на Манчестер сити: Демараи Греј со мајсторија ги шокираше „граѓаните“ (ВИДЕО)

Евертон го изненади Манчестер сити во 17. коло од Премиерлигата успевајќи да извлече реми (1-1) на гостувањето против големиот фаворит.

„Граѓаните“ поведоа со голот на Халанд во 24. минута од средбата.

Но, Евертон израмни со прекрасниот гол на Демараи Греј во 64. минута.

Њукасл не успеа да го искористи киксот на Манчестер сити за да се израмни бодовно на втората позиција, ремизирајќи без голови со Лидс.

Фулам, пак, славеше со 2-1 против Саутемптон.

Се вчитува...