Новогодишна „бомба“ на Островот: Елмас се сели во Ливерпул!

Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп ќе се обиде уште во зимскиот преодеон рок на „Енфилд“ да го донесе македонскиот репрезентативец Елиф Елмас. „Дијамантот“ наводно имал приватен разговор со Јирген Клоп, а германскиот тренер му кажал дека сака да го види во таборот на Ливерпул.

Тоа би била одлична можност за Елмас да настапува во најсилната лига во светот, и во еден од најдобрите екипи на сите времиња.

Елмас би немал ништо против да се пресели во таборот на „црвените“, но се ќе зависи од Наполи, со кого Елмас има договор до 2025 година.

Јирген Клоп има потреба од играч од средниот ред, организатор на играта, со оглед дека тимот таму е „најтенок“ по заминувањето на неколку играчи, пред се Вајналдум. Ливерпул бараше играч од средината уште во летниот преоден рок, па откако не успеа со Артур, сега престојната зима ќе се обиде да стапи во преговори со Наполи да го добие Елмас.

Елмас по доаѓањето на Кварацхелија ја немаа онаа минутажа како претходно, па од тука можна е разделба уште во зима.

Се вчитува...