Новогодишна турнеја: Крафт победи во Обердсорф

Австрискиот репрезентативец Штефан Крафт победи на првиот од четирите натпревари на новогодишната турнеја „Четири ски скокалници“ што во неделата се одржа во Оберстдорф, Германија, а 31-годишниот Австриец со скокови стигна до 44-та победа во Светскиот куп со скокови од 138 и 135,5 метри и со 335,1 поен.

Австријците уште еднаш, вторпат по ред, ги освоија првите три места во конкуренција за Светско првенство, а Крафт, Јан Хорл (134,5 и 135 м.) и Даниел Цофениг (131 и 140,5 м.) повторно се најдоа на подиумот исто како пред една недела во Енгелберг, Швајцарија, но по поинаков редослед.

Се вчитува...