Новогодишни пакетчиња од „SPORT LIFE” за децата од ранливите категории и за лицата со посебни потреби

„Sport Life“ обложувалници ја продолжија  традицијата од последните неколку години и оваа година им подарија новогодишни пакетчиња на децата од социјално ранливите категории и на лицата со попреченост.

Од страна на тимот на „Sport Life“ во празнична атмосфера и заедничка дружба,  беа поделени вкупно 114 пакетчиња, во ЈУ Меѓуопштински центар за социјална работа, Куманово, во Здружение регионален центар за лица со интелектуална попреченост „Порака наша“, Куманово, како и во ЈУ Детски дом „11 Октомври“ – Скопје.

„За нас посетата и грижата за дечињата од ранливите категории и за лицата со  интелектуална попреченост претставува благородна традиција и дел од нашата визија за општествена одговорност и поддршка на сите ранливи категории во општеството. Им благодариме за топлиот прием и нивните драги насмевки, кои навистина многу ни значат.

Воедно им ја честитам Новата година и им посакувам многу здравје, радост и среќа на сите дечиња и на сите наши граѓани во името на „Sport Life“ обложувалници – изјави Петар Поцков, маретинг директор на „Sport Life“.

 

Се вчитува...