АБА-лигата стартуваше викендов што измина, а раководството на регионалното натпреварување донесе и одлука за дополнителна награда на најкорисниот кошаркар во сезоната 2025/26.
Како што откриваат српските медиуми, покрај признанието што се доделува традиционално, новиот МВП на сезоната ќе добие и автомобил на електричен погон „Changan Deepal S05“. Станува збор за возило чија пазарна вредност изнесува околу 40.000 евра, кое ќе му биде доделено на МВП-кошаркарот по комплетирањето на сезоната.
Актуелен МВП од ланската сезона на АБА-лигата е Мекинли Рајт, кој по одличните настапи за Будуќност си обезбеди и трансфер во евролигашот Дубаи.
МВП на првото коло од АБА-лигата беше Умоја Гибсон од Цедевита Олимпија, која имаше 17 поени, 7 асистенции и два скока во победата над Мега, со вкупен индекс на корисност – 27.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

