Новото фудбалско правило почна да се применува во Бразил (ВИДЕО)

На натпреварот од бразилскиот шампионат, во прашање Серија Б, меѓу Пајсанду и Атлетико Паранаенсе, за првпат беше применето новото фудбалско правило. Голманот на гостите Мисаел во финишот на мечот го задржа времето држејќи ја топката во раце цели 13 секунди, поради што судијата досуди корнер за домашните.

Тој потег на судијата предизвика неверување кај фудбалерите на двата тима, кои очигледно не беа свесни за примената на новото правило кога голманот ја држи топката повеќе од осум секунди, но брзо сфатија за што се работи.

Оваа, може да се каже, историска ситуација се случи кога гостите водеа со 2:1 на крајот од мечот, а по досудениот корнер останаа несовладани.

Се вчитува...