Јувентус денеска и официјално на прес-конференција ќе го претстави Тијаго Мота за нов шеф на стручниот штаб, но раководството на „старата дама“ паралелно работи и на ангажман на нови засилување за наредната натпреварувачка сезона.
Јуве во текот на вчерашниот ден забележа значајна победа на трансфер-пазарот, успевајќи да го осигура потписот на Хуан Кабал од Верона. Колумбискиот дефанзивец важеше за едно од откровенијата во Серија А минатата сезона, со што се најде во фокусот на вниманието и на раководството на Интер. „Нероаѕурите“ долго преговараа со Верона, но раководството на Јуве беше поконкретно во разговорите, па вчера беше постигнат целосен договор, за сума од 10 милиони евра, плус два милиони поврзани со неколку клаузули.
Колумбиецот утрово пристигна во Торино, каде по лекарските прегледи и официјално ќе го потпише петгодишниот договор со најтрофејниот италијански клуб.
Јувентус утрово објави и дека го продолжува договорот со Фабио Мирети, кој ќе остане член на „старата дама“ до 2028 година.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА