Милан продолжува со ангажманот на нови фудбалери кои би требале да го засилат поранешниот италијански првак. Петто ново име на „росонерите“ во овој преоден рок е холандскиот репрезетнативец Тијани Рејндерс, 24-годишниот играч за врска кој доаѓа од редовите на АЗ Алкмар.
Станува збор за фудбалер кој се наоѓаше високо на листата со желби на Стефано Пиоли, a „росонерите“ по долги преговори конечно постигна договор со АЗ Алкмар, за трансфер вреден почетни 20 милиони евра плус клаузули.
Рејндерс доцна синоќа пристигна во Милано, а утрово ги мина и лекарските прегледи во новиот клуб, по што се очекува во следните 24 часа да следи и официјализацијата на неговиот трансфер.
„Не ми беше воопшто тешка одлука. При првиот повик од Милан решив да дојдам, сонот ми е да го освојувам скудетото и пехарот во Лигата на Шампионите со овој клуб“, изјави Рејндерс.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА