Тотенхем е во завршна фаза од преговорите за ангажман на Раду Драгушин, романскиот интернационалец кој би требало да стане прво зимско засилување на „спарси“ во овој преоден рок.
Овој 21-годишен дефанзивец е играч за кого Постекоглу и управата на Тотенхем имаат високо мислење, по одличните 18 месеци што Драгушин ги мина во дресот на Џенова. Тој замина во Џенова на позајмица од Јувентус, но раководството на клубот уште минатата зима реши целосно да го откупи неговиот договор со „старата дама“ за сума од 5,5 милиони евра. Романецот беше меѓу најзаслужните што Џенова обезбеди влез во елитата, а Драгушин продолжи со одлични партии и сезонава во рамките од Серија А.
Тој веќе ги договори личните услови со раководството на Тотенхем, а во тек се преговорите меѓу двата клуба. Англиските медиуми најавуваат дека двете страни се многу блиску до договор, и тоа за позајмица на шест месеци, со клаузула за задолжителен откуп во текот на летниот преоден рок, за сума двојно повисока од онаа што Џенова ја плати за да го доведе Драгушин во своите редови.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА