Новото засилување на Црвена Звезда слета во Белград

Црвена Звезда е на добар пат да доведе ново засилување за центарската позиција, откако Џон Браун попладнево допатува во Белград, на лекарски прегледи со АБА-шампионот.

Браун е без ангажман од стартот на сезонава по истекот на договорот со Монако минатото лето, и тоа најмногу поради незгодната повреда на рамото што ја заработи во четвртфиналната серија од Евролигата. Финансиските детали од договорот со Црвена Звезда се средени, но „црвено-белите“ сакаат доказ дека рамото на Браун е во ред пред да го стават потписот на договорот со него.

Договорот би можел да биде потпишан во текот на викендов, по што Американецот веќе од следната седмица би му се ставил на располагање на тренерот Сферопулос.

„Црвено-белите“ се во исчекување на и на камбекот на Џоел Боломбој, кој пред повеќе од еден месец го повреди коленото, но според последните информации ќе се врати на терените пред крајот на оваа календарска година.

Се вчитува...