Новото засилување се посрамоти на дебито за Барселона (ВИДЕО)

Бразилското чудо од дете, 18-годишниот Витор Роке, за кого во неговата татковина тврдат дека е новиот Роналдо да Лима, се посрамоти синоќа на дебито за Барселона.

Роке лезе во игра во 78. минута на местото на Феран Торес во победата од 1-2 на Барса над Лас Палмас, а во финишот од мечот имаше можност и да постигне гол на своето деби.

Доби одлична топка, но од чиста позиција осамен пред голот на противникот успеа да го промаши целиот гол на негово огромно разочарување…

Се вчитува...