Сите натпревари од т.н. „мартовско лудило“ во НЦАА лигата ќе бидат одиграни во „балон“ во Индијана, објави раководството на лигата. Вкупно 67 натпревари ќе бидат одиграни на осум терени ширум оваа сојузна држава, а најголемиот број од нив ќе се одржат во Индијанаполис.
Завршниот турнир ќе биде одигран од 3. до 5. април, додека датумите за натпреварите кои ќе бидат одиграни пред тоа се уште не се познати. Сите кошаркари ќе бидат тестирани за коронавирусот пред почетокот на турнирот.
The Big Dance is coming to Indiana. #FinalFour pic.twitter.com/1IpPakytEW
— NCAA Final Four (@FinalFour) January 4, 2021
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

