Њу Орлеанс го „сруши“ шампионот, Хјустон ја демолираше Јута

Кошаркарите на Њу Орлеанс намалија во полуфиналната серија на 2-1 против Голден стејт откако во третиот меч славеа со 119-100.

Пеликанс мечот го решија во третата четвртина кога нивната предност стигна и до +20 поени. Њу Орлеанс беше предводен од одличниот Ентони Дејвис со 33 поени и 18 скока, а Дру Холидеј заврши со 21 поен, пет скока и седум асистенции. Покрај нив, можеби најважна улога имаше Реџон Рондо со 21 асистенции, со 10 скока и четири поени.

Во поразениот состав се издвои Клеј Томпсон со 26 поени, Дурант постигна 22 поени а Стеф Кари заврши со 19 постигнати поени.

Екипата на Хјустон, пак, го врати брејкот против Јута славејќи во Солт лејк со 92-113. Избраниците на Мајк Д’Антони сега повторно поведоа со 2-1 во серијата.

Хјустон апсолутно го демолираше составот на Јута до полувремето, бидејќи по само 24 минути игра веќе имаа предност од 70-40.

Најефикасен во победничкиот тим беа Џејмс Харден и Ерик Гордон со по 25 поени, а ги следеа Пол со 15 поени, како и Капела и Ариза со по 11 поени. Кај домашните Ројс О’Нил уфрли 17 поени, а Баркс имаше 14 поени.

Се вчитува...