Њу Орлеанс крена раце од првиот пик на драфтот во 2019 година

Њу Орлеанс Пеликанс имаат нова разочарувачка сезона во која забележаа само пет победи со кои се заковани на дното на табелата во Западната конференција.

Очекувањата за оваа франшиза беа големи, поготово по изборот на Зајон Вилијамсон како прв пик на драфтот во 2019 година, но пречестите повреди со спречија крилниот центар да го покаже својот потенцијал и да се наметне како лидер на една млада екипа.

Вилијамсон одигра само 50 отсто од натпреварите за Њу Орлеанс од дебито во НБА лигата па франшизата сега е подготвена да тргне по нов пат. Да се откаже од градењето на состав околку корпулентниот кошаркар и се реши и од неговите големи примања.

Со заминувањето на Вилијамсон ќе биде ставен крај на еден неуспешен проект, а негов трејд би повлечко и трејд на Брендон Инграм и искусниот Си-џеј Меколум.

Се вчитува...