Њу Орлеанс пеликанс се разделија со тренерот

Њу Орлеанс Пеликанс го отпуштија тренерот Вили Грин. Грин помина пет сезони на клупата на тимот од Луизијана, и ја плати цената за екстремно лошите резултати на почетокот на тековната сезона.

Пеликаните имаат скор од 2-10 во своите први 12 натпревари сезонава. Грин беше асистент во Голден Стејт (2016-2019) и Феникс (2019-2021) пред да го преземе Њу Орлеанс во првиот соло тренерски мандат во својата кариера.

Тимот во следниот период ќе го води Џејмс Борего како привремен тренер.

 

Се вчитува...