Шкендија дојде и до втората првенствена победа во исто толку натпревари победувајќи го Тиквеш со 2-1 во Кавадарци. Чинари и Елези ги постигнаа победничките голови за нов успех на црвено-црните.
Тренерот Ардијан Нухиу е задоволен од нивото и карактерот на тимот кој стигна до три бода на исклучително тежок терен.
„Секако сум презадоволен и среќен од борбеноста на екипата. Домаќинот еуфорично не пречека со многу добар старт, но големата желба, борбата што ја водеа момците и начинот на кој дојдоа до победата е за пофалба. Навистина имаме квалитетни фудбалери кои сакаат да играат со топка низ допадлива игра, иако на оној терен тоа беше невозможно. Одигравме одлично прво полувреме а добро го менаџиравме и вториот дел за заслужена победа“ – вели Нухиу.
Натпреварот можеше да заврши и порано…
„Разговаравме за тоа меѓу двете полувремиња бидејќи беше жално да не се постигнат повеќе голови по едно многу добро прво полувреме за нас. За да се направат тие додавања и комбинации на ова поле навистина треба да се има квалитет, кој го имаат нашите фудбалери. Со големо знаење, со начинот на кој навистина се движеа, беше перфекција и во акцијата на двата гола. За жал, не успеавме и до трет гол, но како и да е беше многу важно да го добиеме натпреварот како континуитет на позитивни резултати“ – дополнува стратегот на Шкендија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

