Нухиу: Повеќе ја посакувавме победата, но мораме да се задоволиме само со еден бод

Шкендија по четири победи во низа на стартот на сезоната го одигра првиот нерешен натпревар, во дербито против екипата на Шкупи што заврши без победник.

Тетовци не го кријат разочарувањето што не ја продолжија победничката серија, особено ако се знае дека создадоа повеќе шанси од гостите од Скопје на вчерашниот дерби дуел.

„Овој натпревар го оправда епитетот на дерби, двата тима фанатично се бореа. Првото полувреме беше израмнето, додека во вториот дел ние бевме подобри, повеќе ја посакувавме победата, но не ги искористивме шансите што ги создадовме. Искрено жалам што не ги освоивме трите бода што ги заслуживме со играта, бидејќи бодовите против екипи што се директен ривал за највисок пласман секогаш се исклучително важни. Задоволен сум од играта, не му оставивме на противникот простор за маневар, но шансите што ги креиравме не беа претворени во победнички гол“, изјави тренерот Ардијан Нухиу.

Се вчитува...