Провлигашот Шкупи не прикажува исти резултати како и минатата сезона, но од управата на клубот најавуваат дека екипата од Чаир ќе го преброди тој период и ќе почне со далеку подобрите партии во пролетниот дел од шампионатот.
Стратегот на Шкупи, Ардиан Нухиу, е задоволен по вчерашното ново засилување за тимот, ангажманот на Јасир Асани од Вардар, но вели дека основна цел е опстанок во лигата оваа сезона…
„Имаме по два тренинзи дневно и засега се оди според планот. Доведовме неколку засилувања, кои сметам дека ќе ни бидат од голема помош. Оваа сезона основна цел е опстанок во лигата и верувам дека успешно ќе го исполниме тоа. Во понеделник заминуваме за Охрид, каде ќе ги продолжиме зимските подготовки и ќе одиграме неколку пријателски натпревари“ – вели Нухиу.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА