Њујорк го освои НБА Купот и се закити со прв трофеј после 50 години

Кошаркарите на Њујорк Никс се победници на овогодинешниот НБА Куп. Во финалето одиграно во Лас Вегас, тимот од „Големото јаболко“ ги победи Сан Антонио Спарс со 124:113 и го освои првиот трофеј во ова натпреварување. Најзаслужни за победата беа Ануноби со 28 поени и Џален Брансон кој постигна 25.

Овој трофеј беше посебен момент за Њујорк, затоа што за првпат ќе кренат трофеј после повеќе од половина век. Последниот пат во 1973 година им беше титулата во НБА, а својата прва титула ја освоија три години претходно.

Сан Антонио имаше водство во поголемиот дел од натпреварот, но Њујорк покажа решителност и победнички менталитет во последните минути. Серијата од 13-1, која започна кон крајот на третата четвртина, беше клучна, бидејќи Никсите го свртија резултатот на 100-95 и никогаш не го испуштија водството.

Покрај трофејот, играчите на Њујорк беа задоволни и од дарежливата финансиска награда. Секој член на тимот заработи дополнителни 318.560 долари, со што вкупната заработка по играч за нивното учество во финалето достигна 530.933 долари.

Се вчитува...