НБА франшизата на Њујорк никс го отпушти тренерот Том Тибодо.
„ЕСПН“ пренесува дека Никс го отпуштија својот главен тренер и покрај тоа што Тибодо ги предводеше до нивното прво финале на Источната конференција по 25 години.
Се додава дека Никс се единствено фокусирани на нивната цел, освојување на шампионатот и веруваат дека оваа одлука ќе послужи како фокус за следниот чекор на организацијата.
Њујорк Никс реши да го отпушти Тибодо по пет сезони, а се уште не се знае кои се кандидатите за негов наследник.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

